Home ГОТВАЧ гезме Вкусно и декоративно – полнети печурки

Вкусно и декоративно – полнети печурки

7643
G Natural

Состојки:

  • 500 гр свежи печурки (шампињони)
  • 100 грама шунка (ситно сецкана)
  • 100 грама сланина (ситно сецкана)
  • 100 грама рендан кашкавал
  • 50 грама плаво сирење
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка лут буковец
  • Малку маслиново масло

Подготовка:

Печурките се длабат во средината за да се добие доволно простор да може да се наполнат. Средината од печурките која ќе се издлаби не се фрла туку ситно се сецка. Во тавче се става маслиновото масло се ставаат ситно исецканите печурки, се додава шунката и сланината и малце се пропржува за сланината да стане малце крцкава. На крај се додава сол и лут буковец. На страна се редат печурките во тавче во кое претходно ставате хартија за печење ( не се подмачкува). Се редат издлабените печурки, се полнат со испржената смеса и се додава мало парче плаво сирењ. На крај се наросуваат со сецкан кашкавал. Се печат 20-30 минути на 180 степени.

Добар апетит!

Полнети печурки