Home ГОТВАЧ Вкусно, брзо, евтино – Колач од бајат француски багет

Вкусно, брзо, евтино – Колач од бајат француски багет

3376
G Natural

Состојки:

  • 50 гр путер, растопен
  •  1 француски багет, бајат (најмногу до два дена) исечен на кришки
  •  60 гр суво грозје
  •  2 жолчки
  •  2 јајца
  • 40 гр шеќер
  •  300 мл слатка хопла
  •  300 мл млеко
  •  4 лажици коњак, мараскино или ликер по желба
  •  малку кафеав шеќер
  •  4 лажици џем од кајсии

Подготовка:
Во мало тавче намачкајте го путерот. Потоа, секоја кришка леб намачкајте ја со џем и еден слој намачкани кришки ставете во тавчето. Врз нив ставете малку од сувото грозје, па потоа, наредете уште еден, последен ред кришки и врз нив преостанатото суво грозје. Јајцата и жолчките убаво изматете ги во шеќерот додека не побелат. Потоа, додадете ги хоплата, ликерот и млекото. Измешајте убаво и течноста прелијте ја врз лепчињата. Со лажица нежно притиснете ги лепчињата за да ја впијат течноста, оставете ги 15 до 20 минути да отстојат и потоа, печете во загреана тава на 180 степени 40 минути додека колачот не добие златна боја на врвовите.

Кога ќе се испече, извадете го, оставете малку да се олади и премачкајте го преостанатиот џем. Послужете го оладено со шеќер во прав и изматен шлаг.
Совет:
Ако немате француски багет, може да искористите било кој бел леб што го имате дома. Истото се однесува и на џемот, сувото грозје и ликерот. Прилагодете го рецептот според тоа што го имате дома.

Колач од бајат леб