Home ГОТВАЧ главни јадења Вкусен зеленчук на италијански начин

Вкусен зеленчук на италијански начин

4671
G Natural

Состојки:

  • 4 парчиња млад кромид
  • помлад праз
  • 1 корен цвекло
  • 1 домат
  • корен морков
  • 2 компири
  • 2 тиквички
  • 300 гр свежи шапмињони
  • маслиново масло
  • ловоров лист
  • балсамико
  • сол
  • лук

Подготовка:

Излупете ги сите зеленчуци и добро измијте под млаз вода. Сите потребни зеленчуци исечете ги на средни парчиња. Во специјалниот сад на Цептер „Quadra“ од 1,6л ставете го целиот зеленчук, зачинете, додајте ½ шоља вода, поклопете и вклучете го шпоретот на средна температура. Кога зелечнукот ќе омекне, а водата полека ќе испарува, намалете ја температурата и печете уште најмногу 10-тина минути. На крај ставете на чинија за сервирање и мачинете со маслиново масло и балсамико.

Посолете по желба, ние ви предлагаме сок од лимон или некоја врста сирење.

Зеленчук на италијански начин