Home ГОТВАЧ главни јадења вкусен крем од тиква (рецепт)

вкусен крем од тиква (рецепт)

3678
G Natural

Подготовката на овој вкусен и декоративен крем од тиква е многу едноставна …
Потребно е:

  • 200 гр пире од печена тиква
  • 100 мл сок од портокал
  • изрендана кора од 1 портокал
  • 2 гр желатин
  • 300 мл слатка павлака
  • 2 лажици мед
  • цимет во прав
  • гранола, за посипување

Подготовка:
– Сокот од портокал загрејте го и во него растопете го желатинот. Додадете го пирето од тиква, медот и циметот. Оставете го да се излади.

– Одвоите малку од смесата и тргнете ја на страна.

– Изматете ја слатката павлака и постепено додадете ја во изладената смеса.

– Добиениот крем распоредете го во чаши за сервирање и тоа прво ставете од делот што го одвоивте без слатка павлака (тоа е потемниот долен дел што се гледа во чашите), а потоа тој со слатката павлака и ставете ги во фрижидер да се изладат убаво.

– Пред да го послужите кремот одозгора посипете со гранола или пак со препечени ливчиња бадеми.

Крем од тиква

МИА