Home ГОТВАЧ гезме Уживајте во пица без грижа на совест: Ова е специјалитет за слабеење...

Уживајте во пица без грижа на совест: Ова е специјалитет за слабеење (рецепт)

8283
G Natural

На прв поглед, оваа пица изгледа како и секоја друга.

Но, на прв поглед, или веќе на првото залче, ќе сфатите дека нешто фали – кашкавал!

Е сега, некој може да каже дека ова не е пица, па во тој случај можете да ја нарекувате „отворен сендвич“, но млечните производи навистина дебелеат.

Ако сакате да се ослободите од масните наслаги од половината, тогаш мора да се откажете од нив.

Рецепт за пица

Потребно е: 200 грама ’ржано интегрално брашно, рамна лажица сол, половина прашак за пециво, две лажици маслоново масло, 125 мл вода.

Подготовка: Тестото замесете го и развијте го во круг. Ставете го во тава, на хартија за печење во рерна 5 минути, само одозгора да се фати коричка.

Извадете го, па филувајте: сос од домати, оригано, сувомеснато (по желба), зеленчук (каков сакате), јајца.

Сето ова ставете го во рерна и печете додека јајцата не бидат готови. Кога ќе ја извадите, одозгора ставете рукола. Попрскајте со малку маслиново масло, па и малку балсамико.

Надравје!

 

пица