Home ГОТВАЧ Цел живот погрешно сме пржеле јајца (видео)

Цел живот погрешно сме пржеле јајца (видео)

2315
G Natural

Пржењето на јајца често се смета за наједноставниот потфат во кујната, но вистината е дека многу луѓе се соочуваат со еден проблем.

Јајцето на око често од долната страна може да биде препржено, а горе да остане живо.

Ако и на вас тоа ви се случува, решението е едноставно – користете капак.

Л.В. Андерсон, готвачка од сајтот „Slate“ објаснува дека користењето на капакот овозможува јајцето рамномерно да се испржи.

Поточно, пареата ќе му помогне на горниот слој на јајцето буквално да се зготви, па нема да има лигав, провиден горен слој.

Пржење на јајце

Јајцето секогаш пржете го на средна температура, никако на силна која брзо ќе ја изгори долната страна на јајцето.

Ако сакате жолчката да биде течна, јајцето послужете го веднаш откако белката ќе престане да делува течно. Ако пак сакате жолчката да биде тврда, јајцето тргнете го од оганот, но оставете го да стои поклопено уште неколку минути.