Home ГОТВАЧ гезме Три совршени летни рецепти – ручек готов за 20 минути

Три совршени летни рецепти – ручек готов за 20 минути

9209
G Natural

Во летните месеци предност му се дава на зеленчукот од кој можете да подготвите извонредни јадења.

Ви нудиме неколку рецепти кои се едноставни за подготовка, а многу вкусни.

 

 

Макарони со туна

Потребно е:

300-350 грама тестенини
300 грама туна во парчиња
неколку листови зелена салата
3 домати

За прелив

сок од еден лимон
50 мл маслиново масло
сол
крупно мелен бибер
магдонос

Подготовка:

Сварете ги тестенините, исцедете ги и оставете ги да се оладат. Парчињата туна исцедете ги од нивниот сок и измешајте ги со тестенините. Додадете ги листовите салата сечени на парчиња и парчињата домат. Зачинете со дресинг од лимонов сок и маслиново масло и промешајте ја салатата. Внимавајте да не ги згмечите парчињата туна.

Тестенини со туна

Лазањи со брокула

Потребно е:

пакување кори за лазањи
800 грама брокула
сол, бибер
200 грама кашкавал

За бешамел сос:

100 грама путер
100 грама брашно
1 литар млеко
лажичка сол

Подготовка:

Брокулите измијте ги, одделете ги на цветови и избланширајте ги. Корите за лазањи подгответе ги според упатството на пакувањето.

За бешамел сосот – на силен оган стопете го путерот, па додајте го брашното и пржете околу две минути со постојано мешање за да не ви загори. Потоа тргнете го од оган и ставете околу третина од количината на млеко и силно мешајте за да не останат грутки. Вратете ја смесата на шпорет и гответе на тивок оган со повремено додавање на преостанатото млеко. На крајот послолете го сосот и оставете го да се олади.

Во тава наредете ги лазањите, сосот, брокулите, ренданиот кашкавал, па повторете ја постапката додека не го потрошите материјалот. Кратко запечете во рерна.

Лазањи со брокули

Полнети тиквици

Потребно е:

2 поголеми тиквици
лажица пармезан
лажица сечкан магдонос
прстофат босилок
мала главица кромид
2 чешниња лук
сол
лажица кисела павлака
сирење
домат

Подготовка:

Исечете ја тиквицата на кругови дебели десетина сантиметри. Со лажица издлабете ги за да добиете корпа, а средината сочувајте ја. Тиквиците потоа малку посолете ги и истријте ги со кромид.

На малку зејтин пропржете го исечениот кромид и лук и средината од тиквичките. Додајте го исецканиот домат и зачини, па продолжете да пржите додека не испари сокот од доматот.

Во изладената смеса додајте го пармезанот и киселата павлака.

Тиквичките наредете ги во тава која претходно сте ја намачкале со зејтин, наполнете ги со филот и печете ги 15 минути на 180 степени.

Севрирајте и украсете со магдонос.

Полнети тиквички