Home ГОТВАЧ гезме Супер мезе – Чипс во тава

Супер мезе – Чипс во тава

4242
G Natural

Состојки:

  • 250 гр. варено пилешко месо, исечкано на парчиња
  • 250 гр. кашкавал
  • 250 мл. крем пилешка супа
  • 120 мл. млеко
  • 120 мл. павлака
  • 450 мл. пелати, заедно со сосот
  • 1 голема кеса чипс (по можност со кашкавал)

Подготовки:
Во голем сад ставете ги сите состојки, освен чипсот и убаво измешајте ги за да се соединат.
Во тавче за печење ставете половина чипс, претходно поситно искршен.
Врз него ставете половина од месата, па потоа пак ставете го остатокот од чипсот и на крај завршете со филот.
Од горе ставете малку рендан кашкавал, покријте со алуминиумска фолија и ставете да се пече во рерна загреана на 200 Целзиусови степени околу 30 до 35 минути, додека да добие убава боја. Сервирајте топло.
Одлично е за сите видови забави кои ќе ги организирате дома.

Чипс во тава