Home ГОТВАЧ Совршена комбинација – прстени од јаболко со цимет

Совршена комбинација – прстени од јаболко со цимет

4564
G Natural

hitkujna-prsteniodjabolko
Состојки
3 до 4 големи јаболка
1 шолја сенаменско брашно
1/4 лажичка прашок за пециво
2 лажици шеќер
1/4 лажичка сол
1/4 лажичка цимет
1 јајаце, матено
1 шолја млеко
масло за пржење

за наросување
1/3 шолја шеќер
2 лажици цимет

Подготовка
Во среден сад додадете ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот, солта и 1/4 лажичка цимет.
Во мал сад измешајте ги јајцето и млекото.
Во трет сад измешајте го преостанатиот шеќер (1/3 шолја) и 2 лажици цимет, и тргнете ги на страна за наросување.
Излупете ги јаболката и отстранете ја средината. Исечкајте ги на кругови и наседете ги на хартиена салфета за да се впие вишокот на вода.
Измешајте ја мешавината со брашно и мешавината со јајце и млеко, за да добиете единечна смеса.
Загрејте го маслото.
Секој од круговите натопете го во смесата и ставете ги на се пржат, вртејќи ги од двете страни.
Наредете ги испржените јаболка на хартиена салфета, за да се впие вишокот на масло.
На крај наросете ги со мешавината од шеќер и цимет.
Добар апетит!