Home ГОТВАЧ Сосови за совршен ручек

Сосови за совршен ручек

2968
G Natural

Тако сос

Се користи како додаток при јадења од риба, месо или птици. Може да се комбинира и со тортиља чипс или со прилог од свеж зеленчук.

Состојки:

• 1 голема лажица растително масло
• 1 кромид, исечкан на коцки
• 1 зелена или црвена пиперка, исечкана на коцки
• ½ до 1 чили пиперче
• ½ мала лажица мелен ким
• ½ мала лажица коријандер
• ½ чешне лук, здробен
• малку сол, бибер и шеќер
• лименка домати од 400 гр (или пире од домати)

Подготовка:

Маслото ставете го во тава и загрејете го на слаб оган. Додадете ги кромидот и пиперката. Пропржете ги со постојано мешање, додека не омекнат. Ситно насечакајте го чили пиперчето и заедно со кимот, коријандерот и лукот додадете ги во тавата. Пржете уште околу 2–3 минути со постојано мешање.
Кон претходната смеса додадете малку сол, бибер, шеќер и лименката домати заедно со сокот (или пире од домати). Варете уште 5–6 минути (додека смесата не згусне) на не многу силен оган. Во зависност од вкусот, може да додадете повеќе зачини
Се користи како додаток при јадења од риба, месо или птици. Може да се комбинира и со тортиља чипс или со прилог од свеж зеленчук.

Тако сос

Сос со јогурт и авокадо

Состојки:
• 500 мл јогурт
• 1 лажица ким
• 1 авокадо (поголемо), излупено и исечкано
• 4 мали лажици исечкан магдонос
• 2 лажици лути пиперчиња, ситно исечкани
• ½ виолетов кромид, ситно исечкан или едно чешне лук (по вкус)

Подготовка:

Во сад за мешање ставете го јогуртот. Кимот испечете и додадете го на јогуртот. Потоа, додадете ги и авокадото, магданосот, лутите пиперчиња и кромидот (лукот). Мешајте со помош на миксер, сѐ додека не добиете хомогена смеса. Додадете сол и бибер.
Префрлете го сосот во помал сад и ставете го во фрижидер. Декорирајте со една лажица магданос.
Овој сос одлично се сложува со школки, зелена салата и домати.

Авокадо сос

Извор: Гурман