Home ГОТВАЧ Штрудла за почетници

Штрудла за почетници

5805
G Natural

Состојки:

  •  500 г тенки готови кори
  •  1200-1500 г јаболка (излупени рендани)
  • 50 г маргарин (путер) (за пржење на јаболката)
  •  1 рамно наполнето лажиче цимет
  •  100 г маргарин (путер) (стопен )
  •  150 г шеќер
  •  5 лажици лебни трошки (презла)
  •  1 кутивче ванила кристали

По желба:

  •  100 г шеќер во прав (за посипување по печењето измешан со 1 кутивче ванила кристали )
  •  500 г шеќер
  •  500 мл вода
  •  5-6 каранфилчиња
  •  1/2 лажиче цимет

Подготовка:

1.Во длабок сад стопете го маргаринот (путерот), кратко пропржете ги лебните трошки и откако малку ќе потемнат, додајте ги и јаболките. Повторно кратко пропржете. Тргнете го садот од огнот, додајте го шеќерот,измешајте додека да се стопи,а подоцна, во оладената смеса додадете го циметот и ванилата. Напомена: ако не ја преливате штрудлата со шербет, засладете по ваш вкус, ова количество шеќер е прилагодено за во случај да се прелива со шербет.

2.На работната површина поставете целофан или хартија за печење, преку тоа поставете една кора (до вас да биде потесната страна на кората), со нежни движења со четка, премачкајте ја по целата површина со стопен маргарин (путер), преку неа поставете втора кора, па пресвиткајте кон средината 1/3 од долниот дел на кората(оној кој ви е најблиску). Преку тој дел премачкајте со 3 полни лажици од филот, па замоткајте цврста ролничка. Поставете ја во тава од шпоретот премачкана со маргарин(путер). На ист начин филивајте с`е додека не се потрошат корите.

3.Загрејте ја рерната на 180 степени. Ролничките одозгора богато премачкајте ги со стопен маргарин. Препорачувам во сите верзии да користите стопен маргарин за горната површина, бидејќи млечните масти во путерот многу побрзо горат, па може да ви се препечат и ролничките во печењето.

4.Печете до златно жолта боја. Доколку сакате крцкава штрудла, по печењето не ја прекривајте. Ако пак не ја сакате таква, прекријте ја со слој хартија откако малку ќе се олади, пр. 10-15 минути по печењето.

5.Ако подготвувате сува штрудла, наросете ја со шеќер во прав откако убаво ќе се олади

6.Ако сакате штрудлата да ја прелиете со шербет, зовријте ги сите состојки за шербет, оставете го да се олади и со студениот шербет, прелијте го врелиот колач. НАПОМЕНА: доколку сакате да ја прелиете со шербет, штрудлата треба да ја исечете со остар нож пред печењето.

7.Наведените состојки за шербет се доволни за преливање на целиот колач. Затоа, ако се одлучивте за преливање на помало количество од него, прилагодете го количеството на состојки за шербетот.

hitkujna-strudla