Home СОВЕТИ Сами направете си хидратантна маска за лице – едноставна подготовка а голем...

Сами направете си хидратантна маска за лице – едноставна подготовка а голем ефект

1724
G Natural

Освежете ја кожата на лицето со витамините Б и омекнете ја со природните состојки од медот. Бананата која се користи во оваа маска ја потхранува кожата, медот ја апсорбира и задржува влагата, ја хидрира кожата и го подобрува природниот сјај. Лимонот прави ексфолијација, ја намалува можноста од појава на лузни и акни. Едноставна е за подготовка, а има голем ефект.

За да направите потребни ви се следните состојки:

  • банана
  • 1 лажица мед
  • 10 капки сок од лимон

Подготовка:
1. Бананата исечете ја на мали кругови, а потоа пасирајте ја со метална лажица.
2. Додадете го медот и сокот од лимон.
Нанесете ја маската на лицето и оставете ја да стои 15 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода.

Хидратантна маска