Home ГОТВАЧ Рецепт за познатиот босански сомун

Рецепт за познатиот босански сомун

7548
G Natural

Состојки :

1 килограм брашно

10 гр квасец

1 супена лажица шеќер

1 мала лажица сол

700 мл студена вода

Подготовка:

Во еден сад ставете сол, шеќер, квасец и малку вода и оставете смесата да нарасне. Претресете го тоа во садот со брашно и студена вода, па измешајте. Оставете го тестото да отстои еден час.

Од тестото направете седум или осум топчиња. Секое развлечете го од 20 до 30 сантиметри, а доколку тестото се лепи за прсти, ставете малку брашно. Земете некоја дрвена или метална шипка со која ќе го „прошарате“ тестото, односно ќе го притиската додека направите мрежа.

Рерната добро загрејте ја, па потоа ставете ги сомуните да се печат.

Добар апетит!