Home ГОТВАЧ Рецепт за највкусниот сос за тестенини во светот

Рецепт за највкусниот сос за тестенини во светот

8385
G Natural

Состојки:

  • 2 чешниња лук
  • 1 големо кромитче
  • ¼ жолт кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • 400 гр конзервирани домати
  • 3 свежи домати
  • 1 лажичка буковец
  • ½ чаша павлака
  • ¼ чаша вотка
  • 1 лажица брашно (по потреба)

Подготовка:
Исецкајте 1 големо кромитче, 2 чешни лук и ¼ кромид. Пржете ги во маслиново масло околу 5 минути.
Додадете ги конзервираните (претходно исцедени од течноста) и свежите домати и зачинете по желба. Може да додадете парченца црвена пиперка (буковец). Динстајте на средна температура 5-10 минути.
Додадете павлака и малку вотка. Гответе додека смесата се згусне. Не грижете се – во почеток нема да изгледа добро но за кратко време ќе добие портокалова боја. Доколку смесата е премногу тенка, брзо ставете 1 лажица брашно.
Прелијте ги тестенините со овој сос. Доколку сакате може да додадете и зеленчук како и потпржени печурки и динстан спанаќ.

Сос

Добар апетит!