Home ГОТВАЧ гезме Рецепт за леб што не се меси

Рецепт за леб што не се меси

9096
G Natural

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 1/2 свеж квасец
  •  1 кафена лажичка сол
  • 300 мл вода
  • 1/2 кафена лажичка шеќер

Подготовка:

Во пластичен сад се ставаат сите состојки. Со дрвена лажица се замешува неколку пати, додека сите состојки не се соединат. Најтешкиот дел од работата е завршен:)
Пластичниот сад го покриваме со крпа и го оставаме тестото да отстои од 10-12 часа. Доколку е премногу топло, тестото слободно ставете го во фрижидер.
По 12 часа тестото е спремно за печење. Уклучете ја рерната на 200°C и садот за печење (кој мора да има поклопец) ставете го добро да се загрее.
Забелешка: Италијанците овој леб го викаат чабата. Може да ви послужи за правење на вкусни брускети.
Кога садот е загреан, лебот се префрлува во него и се пече 30 минути на 200°C со поклопец и уште 15 минути откриено.
Лебот треба да се лади минимум еден час за да биде крцкав и лесен за варење.

На здравје!

Италијански леб