Home ГОТВАЧ главни јадења Рецепт за идеално свинско каре

Рецепт за идеално свинско каре

26675
G Natural

Состојки:

  • 1 кг свинско каре
  • 1 лажица зачин
  • 2 чешниња лук
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • ловоров лист, мајчина душица, рузмарин
  • 1 чаша бело вино
  • 2 лажици масло
  • 50гр маргарин
  • сол, бибер

Подготовка:

Ситно се сечкаат кромидот и морковот и се пропржуваат во поголема тава со масло. Месото се премачкува со зачин  од сите страни, се додава во жешкото масло заедно со лукот и ароматичните билки и се пропржува внимателно од сите страни додека не фати коричка. Се додава виното, сол и бибер по желба и се остава виното да испари.
Месото се префрлува во плех за печење, одозгора му се редат неколку парчиња маргарин по целата површина. Се пече во рерна на 200⁰С околу 40 минути, а по потреба може да се покрие со алуминиумска фолија за да се испече рамномерно.
Кога ќе се испече, се сече на парчиња и се сервира.

Добар апетит!

Свинско каре