Home ГОТВАЧ главни јадења Рецепт за една поинаква, медитеранска боранија

Рецепт за една поинаква, медитеранска боранија

4948
G Natural

Состојки:

  • 1/2 кг зелена боранија
  •  1 лажица маслиново масло
  • 100 гр кромид
  • 1 чешне лук
  •  500 гр домати
  •  1 лажица зачинал
  •  2 лажици исечкан босилек
  •  1 лажица насечкан магдонос
  •  4 телешки шницли,
  • сол
  •  2 лажици масло

Подготовка:

Боранијата се чисти и сече на парчиња, се мие и се вари во солена вода 15-20 минути.

На маслиновото масло се пржи исечканиот кромид, излупените домати исечени на коцки. Се зачинува и се крчка десетина минути.

Сварената и исцедена боранија се меша во сосот од домати и се додаваат босилекот и магданосот.

Телешките шницли се толчат, се посолуваат и се пржат на загреано масло по три мнути од секоја страна.

Добар апетит!

Медитеранска боранија