Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Рецепт од читателка: Ѕвездички со кашкавал

Рецепт од читателка: Ѕвездички со кашкавал

4884
G Natural

Овој рецепт ни го испрати Русинка Јаковлеска од Битола.

Состојки:

  • 300 g брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 2 лажички сенф во прав
  • 150 g маргарин, на коцки
  • 150 g рендан кашкавал
  • 1 јајце
  • млеко за премачкување
  • сусам за посипување

Подготовка:

Помешајте ги брашното, прашокот за пециво и сенфот. Додајте ги коцките маргарин и со вилушка или со прсти измешајте го сето тоа, да се добијат зрнца. Додадете го кашкавалот, промешајте, додајте го јајцето и 4-5 лажици ладна вода и измесете го тестото. Пренесете го тестото на побрашнета маса, исукајте го на дебелина од околу 8 mm и со помош на калап исечете форми на ѕвезди (или некои други). Наредете ги ѕвездите во тавче на хартија за печење, премачкајте ги со млеко, посипете ги со сусам и печете ги во загреана рерна на 200°C, 10-12 минути или додека не се заруменат.
Добар апетит!

Доколку и вие сакате да споделите со нас и нашите читатели некој ваш омилен рецепт, тоа можете да го направите на оваа страна во секцијата ИСПРАТИ РЕЦЕПТ, или на нашиот меил: info@hitportal.com.mk

Ѕвездички со кашкавал