Home ГОТВАЧ Рецепт на Џејми Оливер: Торта со лешници

Рецепт на Џејми Оливер: Торта со лешници

6154
G Natural

Потребно е:

  • 115 гр омекнат путер
  • 125 гр печени и многу ситно мелени лешници
  • 125 гр шеќер
  • 4 јајца
  • рендана кора од еден портокал
  • 30 гр брашно
  • 125 гр рикота сирење
  • 2 лажици афионово семе
  • прстофат сол
  • 3 лажици џем од кајсии, за премачкување
  • 50 гр рендано темно чоколадо, за посипување

Подготовка:
– Рерната загрејте ја на 190 целзиусови степени.

– Земете едно тркалезно тавче за печење со димензија од 24 см, обложете го со хартија за печење и лесно намачкајте го со маргарин.

– Со миксер матете ги путерот и шеќерот додека да се растопи шеќерот. Потоа, една по една, додавајте ги жолчките.

– Исклучете го миксерот и ставете ја кората од портокал.

– Додадете ги просеаното брашно, рикотата, афионовото семе и прстофат сол. Измешајте со лажица.

– Белките изматете ги со миксер.

– Изматените белки полека и во неколку наврати додадете ги во смесата, полека, мешајќи со лажица. Не мешајте премногу или пребрзо, затоа што ќе спласне тортата, а белките ја прават воздушеста и мека.

– Ставете ја во тавчето и печете околу 25 до 30 минути, односно во зависност од тоа како ви пече рерната.

– Испечената торта оставете ја малку да се олади.

– Џемот загрејте го со 4 лажици вода. Со џем премачкајте ја тортата.

– На крај, од горе, ставете го изренданото чоколадо.

– Сервирајте со малку изматена слатка павлака.

Рецепт на Џејми Оливер Торта со лешници