Состојки:
- 180 милилитри слатка павлака
- 50 грама шеќер
- кесичка бурбон ванилин шеќер
- 150 грама бела чоколада
- 140 грама кокосово брашно
- 150 грама несолен крем-сир
- 60 грама цели лешници
- кокосово брашно за валкање
Начин на подготовка:
Ставете ги на тивок оган слатката павлака, шеќерот и бурбон ванилиниот шеќер, па додајте ја белата чоколада искршена на парчиња, и смесата држете ја на оган околу 10 минути. И мешајте додека чоколадото не се растопи. Тргнете го тенџерето од оган, додајте го кокосовото брашно и оставете да се олади. Потоа додадете го крем сирот и ставете го во фрижидер да се лади околу два саати. Со лажичка земајте од смесата, ставете еден лешник внатре, формирајте топче и извалкајте го во кокосово брашно.
На здравје!