Home ГОТВАЧ Прсти да излижеш: Полнета плетенка

Прсти да излижеш: Полнета плетенка

6696
G Natural

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 250 мл млеко
  • Сол
  • Квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • ½ прашок за печиво
  • 1 јајце
  • 100 мл кисело млеко
  • 100 мл масло

За фил:

Филот е по ваша желба,
пр. сос од домати, домати, шпарога и лук
За премачкување:

  • 1 жолчка
  • Маслиново масло
  • Сусам или други семки

Подготовка:

Изматете ги квасецот, шеќерот, 1 лажица брашно  и оставете квасецот да нарасне.
Во поголем сад ставете брашно, додадете го прашокот за печиво, маслото , изматеното јајце и киселото и нараснатиот квасец.
Замесете тесто, формирајте топка од него и оставете го да нарасне.
Додека тестото нараснува, подгответе го филот.
Во солена вода проварете ги исечените шпароги. Пропржете малку лук и маслиново масло па додадете ги сварените шпароги. Динстајте кратко и додадете малку сол и бибер.
Оставете го филот да се олади.

Кога тестото ќе нарасне, истресете го на плотна со брашно и поделете го на два дела. Секој дел обликувјте го во форма на топка и оставете дополнително да нарасне.
Развлечете го тестото во овален облик, средината премачкајте ја со сосот од домати. Врз сосот распоредете го зеленчукот. По желба можете да додадете и рендано сирење.

Плетенка
Од страната исечете лентички со ширина колку два прста.
Префрлувајте ги лентите една преку друг и оформете плетенка.

Плетенка
Плетенката премачкајте ја со изматената жолчка и малку маслиново масло. Посипете со сусам.

Плетенка
Печете на 180 степени додека плетенката да добие фина боја.
Откако ќе се испече, прекријте ја со водена крпа, оставете да се олади и послужете.
Добар апетит!

Плетенка