Home ГОТВАЧ гезме Превкусно – леб со тиквички

Превкусно – леб со тиквички

5553
G Natural

Состојки:

  • 250 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка зачин
  • 1 помала тиквичка
  • 3 јајца
  • неколку сечкани маслинки
  • 75 мл масло
  • 75 мл млеко
  • 50 гр сирење
  • бибер
  • магдонос, рузмарин, мајчина душица, босилок и други свежи зачини по желба

Подготовка:

Тиквичката се лупи и се ренда ситно, се посолува и се остава 1-2 часа во цедалка, да се исцеди добро.
Се меша брашното со сол и прашок за пециво. Јајцата се матат со вилушка, се додаваат млекото и маслото  и се мешаат со брашното. На таа смеса се додава изгмеченото сирење и сечканите маслинки. Тиквичката добро се цеди и се додава во смесата. Се додаваат бибер и сечкани зачини по желба. Смесата добро се меша и се става во долгнавест плех (за леб), обложен со хартија за печење.
Така сипаната смеса се израмнува и се попрскува со масло . Се пече во претходно загреана рерна на 200°С, околу 40 минути. Со чачкалица се проверува дали лебот е печен.
Печениот леб се остава малку да се излади, а потоа се вади од калапот и да се излади до крај.

Добар апетит!

hitkujna-leb