Home ВАШИ РЕЦЕПТИ Посна погача со маслинки и домати

Посна погача со маслинки и домати

7754
G Natural

Состојки:

  • еден квасец
  • 1 дл малку затоплена вода (за квасецот)
  • 1 лажичка мед
  • 600 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • 2 дл топла вода
  • 1 дл масло
  • 4 лажици свежи зачински билки (босилок, рузмарин, оригано, власец ….)
  • 2 ситно сецкани чешниња лук

додатоци:

  • неколку маслинки
  • 50 мл масло
  • 50 мл маслиново масло
  • 1 домат, исечен на тенки кришки или неколку шери домати пресечени на половина
  • крупна сол

Подготовка:
Млекото малку се загрева и во него се топи медот. Се додава квасецот и се остава 10-ина минути.
Во еден поголем сад се меша брашното со сол, се додава маслото Кристал, растопениот квасец и полека се додава водата. Може да се меша и со миксер, со додатокот за мешање на тесто. На крај се додаваат лукот и мешавината од зачини. Кога ке почне тестото да се одвојува од садот, се префрлува на работна маса посипана со брашно и се меси најмалку 10 мин.

Тестото се остава во поголем сад да “се одмори”, на топло место, покриено со крпа, околу 1 час. За тоа време би требало да нарасне скоро дупло. Ако имате време, оваа постапка со месењето и одмарањето би требало да се повтори, ако немате време, не е многу голема грешка.

Распоредете го тестото во намастен плех. Рабовите треба да бидат малку подигнати. Ако сакате потенко тесто, развлечете го во поголем плех за печење. Тестото треба малку да се згмечи со прстите, да се направат дупки (или со дршка од дрвена лажица). Се остава да стои 10-ина минути.
Маслинките, цели или сечкани, се распоредуваат по тестото, се редат доматите, се полева со двата вида на масло (кое ќе се собере во дупките од тестото) и се посипува со крупна сол.
По желба, погачата можете да ја правите и со кромид исечкан на тркалца, сланина, колбаси

Се пече 20-ина минути на 200 °C.

Добар апетит!

Посна погача