Home ГОТВАЧ гезме Посна пита со ајвар

Посна пита со ајвар

7251
G Natural

Состојки:

  • ½ кори за пита
  • 1 тегла ајвар
  • ½ килограм посно сирење (гауда или трапист)
  • Масло
  • Сол 

Подготовка:

Издвојте по три кори. Првите две испрскајте ги со масло, а врз третата премачкајте го ајварот. Преку него, со крупно ренде изрендајте го сирењето па сите заедно свиткајте ги во ролат. Ролатите редете ги во подмачкано плехче.

Кога плехчето е исполнето со кори, премачкајте ги уште еднаш со малку масло.

Питата се пече половина час на тепмература од 250 степени.

Совет:

Како фил за оваа пита можете да користите и паста од маслинки или печурки.

Пред печењето, питата можете да ја посипете со сусам.

Посна пита со ајвар