Home ГОТВАЧ гезме Полнети печени тортиљи

Полнети печени тортиљи

9507
G Natural

Состојки:

  • 10 помали тортиљи,
  • 30 грама мелено пилешко месо,
  • 200 грама кашкавал,
  • 1 главица кромид,
  • зачини по вкус,
  • 100 мл вода,
  • 500 мл сок од домат,
  • 5 лажици масло

Подготовка:

Ситно исецкајте го кромидот, додајте три лажици масло, чаша вода и сув зачин, па динстајте додека не омекне. Додајте го месото, половина чаша вода и продолжете со динстањето. Кога месото е готово, додајте половина од изренданиот кашкавал и посолете по вкус. Наредете ги тортиљите, па на секоја ставете подеднакво прелив. Завиткајте ја секоја како палачинка. Наредете ги во тепсија, намрсена со масло. Измешајте ја водата и сокот од домати и прелијте ги тортиљите. Одозгора додадете го остатокот од ренданиот кашкавал. Тепсијата ставете ја во рерна загреана на 200 степени да се пече околу 20 минути.

Полнети тортиљи