Home ГОТВАЧ главни јадења Плескавица од риба

Плескавица од риба

6725
G Natural

Состојки:

  • 800 грама риба без коски
  • 5-6 листови босилек
  • Лебни трошки
  • 5 големи шампњони
  • Масло за готвење
  • Сушен зачин
  • Сол
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук

Подготовка:
Во еден сад ставете вода да врие а потоа во зовриената вода ставете ја исчистената риба. Гответе ја само 5 минути. Потоа истурете ја водата од садот и полијте ја рибата со ладна вода за да може да се одвои од кожата и коските.
Исчистената риба добро измесете ја со раце па додајте го ситно исецканиот кромид и лук, босилекот и ситно изренданите печурки.
Сето ова добро измешајте го.
Доколку ја сакате посна плескавицата, не ставајте јајца.
Во спротивно, во смесата додадете две јајца.
Зачинете и додадете лебни трошки, онолку колку што е доволно за да се формира плескавица.
Намачкајте ги рацете со масло, формирајте плескавици.
Покријте ги со брашно и пржете на загреано масло.
Добар апетит!

Плескавица од риба