Home ГОТВАЧ Пита со суви сливи и вино

Пита со суви сливи и вино

2875
G Natural

Состојки:

  • 500 гр.тенки кори
  • 250 гр.путер

фил:

  • 200 гр. шеќер
  • 1 кесичка цимет во прав
  • 250 гр суви сливи
  • 200 мл црвено вино
  • 200 гр чоколадо за готвење

Подготовка:

Се сецкаат сувите сливи и се варат со шеќерот, виното и циметот околу 15-тина минути. Се трга од оган и во топлиот фил се додава чоколадото, убаво се промешува за да се растопи.
Во друг сад се растопува путерот и со растопениот путер се попрскува секоја од корите редејќи ги во тепсијата. На секоја 3-4 кора се мачка филот со сливите. Постапката се повторува се додека има фил и кори.

Последната кора убаво се премачкува со растопениот путер, се сече питата на коцки и се става да се пече во предходно загреана рерна на 180С додека убаво не порумени. Се служи оладена посипана со шеќер во прав.

Добар апетит!

Пита со сливи