Состојките се за четири големи пастрмајлии а подготовката ќе ве чини 280 денари.
Состојки:
- 840 гр брашно
- 500 мл вода
- 8 лажици зејтин
- 1 лажичка шеќер
- 3 лажички сол
- 1 квасец
- 800 грама свинско месо (или пилешко) исечкано на коцкички и посолен
- 1 лажица јаболков оцет
- свинска маст
Подготовка:
Се замесува меко тесто. Се остава да нарасне ( додека не нарасне дупло). Потоа тестото се дели на четири дела. Се формираат топчиња и се оставаат уште десетина минути да нараснат.
Од топчињата од тесто се развлекува пита. Околу неа, од тестото се оформува венец. Врз тестото се редат парчињата свинско месо, ситно исечкано и посолено и пастрмата (по желба). Се додава една полна лажица свинска маст и се распоредува низ целата пита. Се става да се пече во загреана рерна на 250 степени .
Откако ќе ја извадиме од рерната , венчето на пастрмајлијата се премачкува со свинска маст , се завиткува во мрсна хартија и во чаршав и се остава да омекне.
Добар апетит!