Home ГОТВАЧ здрава храна Овој чипс можете да го јадете без престан

Овој чипс можете да го јадете без престан

4742
G Natural

Не можете да им одолеете на грицките, а ова почнува да се одразува на вашата линија?
Решението се крие во чипсот од кељ.
Кељот е одличен извор на витаминот Б кој е растворлив во вода.

Кељот е богат и со железо, поради што им се препорачува на слабокрвните лица. Богат е и со антиоксиданси.

Во зимските денови, витаминот Ц му е повеќе од потребен на организмот, па истиот ќе го внесете токму преку кељот.

Освен за салати и варива, овој чудотворен зеленчук можете да го искористите и за вкусни грицки, според рецептот на кулинарскиот блог Foodnetwork.

Состојки:

  • 1 главица кељ
  • Сол
  • Маслиново масло

Подготовка:

Загрејте ја фурната на 130 степени. Исчистените листови кељ исецкајте ги на мали парчиња, до три сантиметри.
Ставете ги во тава за печење, испрскајте со маслиново масло и посолете.

Печете додека листовите на станат крцкави, околу 20 минути.