Home ГОТВАЧ здрава храна Овие здрави намирници имаат повеќе масти и од крофните

Овие здрави намирници имаат повеќе масти и од крофните

2437
G Natural

Сите намирници имаат позитивни и негативни особини. Некои се полни со витамини и минерали, но често поседуваат некои други штетни состојки. Овие намирници содржат повеќе маснотии отколку една крофна (14г маст), но тоа не значи дека треба да ги отфрлите од исхраната. Напротив, ограниченото внесување на овие намирници ќе ви овозможи подобро да се чувстувате, но и да го спречите создавањето на разни заболувања.
Aвокадо
Секоја половина од ова овошје содржи 15гр маст, но тоа 10гр се мононезаситени масти кои го подобруваат нивото на холестеролот. Исто така, служат и како превенција во создвање на масни наслаги околу стомакот.

 

Путер од кикирики
Доколку го ограничите внесувањето на путер од кикирики на два лажици дневно, ќе конзумирате 16гр масти, од кои дури половина се мононезаситени. Исто така ќе добиете 4гр полузаситени масти кои го намалуваат ризикот од создвање на дијабетис од типот 2 и болести на срцето.

Сув кокос
Идеалната овесна каша или јогурт содржат дури 18гр заситени масти, но новите истражувања наведуваат дека заситените масти сепак можат да го најдат своето место во исхраната, како и тоа дека сепак не се поврзани со заболување на срцето како што се сметало претходно. Експертите препорачуваат да се конзумира 10 проценти дневни калории од заситените масти, што значи дека својот оброк сепак можете да го дополните со кокос, но во умерени количини.

3 јајца
Ќе добиете малку помлку од 14гр масти доколку вашиот појадок вклучува три јајца. Содржината на масти во јајцата е рамномерно поделена на монозаситени и полинезаситени масти.

Маслинки
Работ на крофната содржи еднакво масти колку и 12 маслинки, но маслинките за разлика од крофните содржат здрави масти и други хранливи материи.

Маслинки