Home ПИЈАЛОЦИ весели Ова е оригиналниот рецепт за Мохито

Ова е оригиналниот рецепт за Мохито

10025
G Natural

Традиционално, мохито е коктел кој подготвува со пет состојки: бел рум, кафеав шеќер, сок од лимета (зелен лимон), природна газирана минерална вода и свежо нане.

Во кубанскиот рецепт се користи посебен вид нане (yerba buena) кое расте на островот и кое во комбинација со слаткиот вкус на кафеавиот шеќер, освежителната нота на цитрусот и вкусот на ментол му даваат моќен вкус на алкохолот и го прават овој коктел еден од најпознатите и најконзумирани летни пијалоци.
Овој коктел има релативно низок процент на алкохол (околу 10% алкохол).

Мохитото беше најомилениот пијалок на познатиот писател Ернест Хемингвеј. Тој отворил бар под името “La Bodeguita del Medio” каде се служел најмногу овој коктел. Барот станал многу познат и посетен и поради поради неговиот познат сопственик, но и поради познатиот пијалок.

Мохито
Состојки:

  • 1 лажица кафеав шеќер
  • 7 ливчиња свежо нане
  • 1 лимета, исечена на 4 кришки
  • 2 лажици сок од лимета
  • 100 мл природна газирана минерална вода (или сода вода)
  • 2 лажици бел рум
  • 5 коцки лед

Подготовка:
– Листовите нане, парчињата лимета и шеќерот ставете ги во дрвен сад со дрвен чук.

– Префрлете ги во стаклена чаша за служење горните состојки и додадете ја минералната вода, румот, сокот од лимета и измешајте.

– На крај додадете ги коцките лед и послужете.

Мохито