Home ГОТВАЧ гезме Откриена тајната на сараевските ќебапи – запишете и пренесете

Откриена тајната на сараевските ќебапи – запишете и пренесете

11956
G Natural

Ќебапчилниците од Сараево одлучија со вас да ја споделат тајната стара неколку векови.

За прв пат е откриено како се прават традиционалните сараевски ќебапи оние од чаршијата по кои е познато Сараево.

Ќебапите се витален дел од сараевската традиција и неговата култура познати надалеку.

Да ја скратиме приказната, еве рецепт како сами да направите смеса за ќебапи.

Искусните велат дека кај правењето на ќебапите нема посебни компликации, поентата е во доброто месо, начинот на подготовка и смесата да одстои.

Сараевски ќебапи
Се што ви е потребно за вистински сараевски ќебапи е:

  • 1,5 килограми мелено јунешко
  • 1/2 килограм јагнешко
  • 4-5 чешниња лук
  • За еден ќебап потребно е да се земе 2% од вкупаната количина на месото
  • Сол и две лажици сода бикарбона

Сараевски ќебапи
Подготовка на смесата:
Месото исечено на коцкички добро посолете го, измешајте и прелијте со околу 100 мл вода и лук кој претходно малку сте го го свариле. Смесатта измешајте ја и оставете ја преку ноќ во фрижидер.

Утредента, сместата сомелете ја во машина за месо два пати, оставете ја да стои неколку часа на собна температура, а потоа ставете ја во фрижидер.

Пред да почнете да ги обликувате ќебапите, во смесата измешајте сода бикарбона и тоа е тоа.

Уживајте во вкусните и сочни ќебапи.

Сараевски ќебапи