Home ГОТВАЧ Ослободете се од маснотиите за 7 дена со Хаусеровата диета

Ослободете се од маснотиите за 7 дена со Хаусеровата диета

5600
G Natural

Нутриционистот Гејлорд Хаусер уште од средината на минатиот век предупредува на влијанието и важноста на здравата исхрана, но потоа реши и состави седумдневна диета од овошје и зеленчук.

Здравата исхрана не е најнов тренд, иако и се дава повеќе значење од било кога претходно.

ден од поборниците на здравата исхрана Хаусер состави седумдневно мени за растворање на масните наслаги во организмот, а со кои ќе го надополните телото со дополнителни витамини и минерали и плус ќе изгубите 3 килограми.

Ако сте љубители на овошје и зеленчук ова е совршеното мени за вас.

Диета

Седум групи јадења
Прва група
Овошни сокови- природни сокови од рибизла, портокал и грејфрут.
Втора група
Сокови од зеленчук – природни сокови од домат, кисела зелка и морков.
Трета група
Чаеви – приордни чај од мента, јагода или мајчина душица.
Четврта група
Различни пијалоци – црно кафе без шеќер, благ црн чај со шеќер и лимон.
Во четвртата група влегува и топлата Хаусерова каша.
Подготување: една полна чаша целер исецкан со стебло и листови, полна чаша сецкани моркови, половина чаша сецкан спанаќ, лажица сецкан магдонос, лажичка сол во литар вода, чаша сок од портокал и малку кафеав шеќер или мед. Сето тоа се вари заедно половина час, потоса се цеди и се пие.
Петта група
Млечни напитоци – јогурт од немасно млеко, кефир, млеко и матеница.
Шеста група
Свеж зеленчук – морков, целер, першин, спанаќ, краставица, пиперка, млад грав, кисела зелка, цвекло, репка, грашок, тиквици и лук.
Седма група
Свежо овошје – портокал, грејфрут, ананас, лимон, јаболка, грозје, круши, секое бобесто овошје и лубеница.

Како да се придржувате кон оваа диета ?
– Во својот попис можете да направите мени за седум дена. А, многу е важно оброците да бидат што е можно поразновидни. Јадете го овошјето свежо или пак зготвено на пареа, но можете и печено на тава без додатоци од масло.
– За секое јадење се забранети било какви додатоци за подобрување на вкусот, освен сос, мед, кафеав шеќер и сол.
– Во текот на денот не смеете да конзумирате повеќе од три чаши од петата група.
– Дозволени се мешани јадења, а сите врсти овошје и зеленчук. Смеете да ги јадете со јогурт или лимонов сок. Ова се однесува на салатите кои можете да ги зачините со сос од соја.
– Забранети се намирници кои не се наведени во групите, а при тоа се мисли на банани, компир, леб, шеќер, месо и алкохол.
– Јадете колку можете, бидете сити, но без претерувања.

Диета