Home ГОТВАЧ Оригинален рецепт за белгиски вафли

Оригинален рецепт за белгиски вафли

7656
G Natural

Белгиските вафли лесно и брзо се подготвуваат, а се неворојатно вкусни …

Состојки :

  • 1 кесичка сув квасец
  • 1/3 чаша (од 250 мл) топло млеко
  • 1 лажиче шеќер
  • прстофат сол
  • 2 чаши брашно
  • 3 јајца на собна температура
  • 1/4 чаша путер на собна температура (или 60 гр)
  • 1/4 чаша млеко
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1/2 чаша крупен шеќер

Вафли
Подготовка:
Во еден сад измешајте ги квасецот, 1 лажиче шеќер и топлото млеко и оставете ги 15-тина минути да стаса квасецот.

Додадете го брашното и солта и измешајте убаво со дрвена лажица.

Додадете ги јајцата, едно по едно, путерот, млекото и ванилата и мечајте додека не се соединат сите состојки.

Садот во кој се наоѓа тестот покријте го и оставете го да стои на топла собна температура додека не се удвои (околу 1 час).

Сега додадете го крупниот шеќер во тестото. Измешајте убаво.

Со лажица земајте од тестото (количината зависо од големината на тостерот за вафли) и ставете ги на врелиот тостер да се печат додека не поруменат убаво од двете страни.

Крупниот шеќер ќе се карамелизира и ќе им даде на вафлите специјален додатен вкус, а малку ќе остане и за “крцкање”.

Овие вафли можат да стојат и до една недела во затворена кутија.

Вафли