Home ГОТВАЧ гезме Нискокалоричен оброк – Портобело печурки со спанаќ

Нискокалоричен оброк – Портобело печурки со спанаќ

4828
G Natural

Состојки:

  • 3 лажици путер
  • 2 големи портобело печурки, исечени на парчиња
  • 1 рака спанаќ (свеж или замрзнат), исечкан и исцеден
  • 1/4 лажичка сув босилек
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/4 лажичка бибер
  • 1 чешне лук, исечкан
  • 2 лажици суво црвено вино
  • 1/4 шолја рендан пармезан

Подготовка:
Путерот ставете го во голема тава за пржење на среден оган. Пропржете ги печурките, спанаќот, босилекот, солта, биберот и лукот додека печурките и спанаќот не омекнат.
Додадете го виното и намалете го огнот. Оставете ја смесата да крчка 1 минута. Додадете го пармезанот, промешајте и послужете.

Добар апетит!

Портобело печурки со спанаќ