Home ГОТВАЧ Не пие лекови, не старее, не боледува од ништо: 72-годишна жена го...

Не пие лекови, не старее, не боледува од ништо: 72-годишна жена го откри изворот на младоста

5813
G Natural

Анет Ларкинс е жена која со нејзините 72 години има лице и тело на девојче, а тајната на нејзиниот младолик изглед и доброто здравје веќе со години ја споделува со јавноста, откривајќи ги своите рецепти за јадење кои сама ги подготвува и напитоци кои секојдневно ги внесува во својот организам.

За оваа дама, годините се само број, и тоа се благодарение на нејзиниот дисциплиниран начин на живот.

Анет е родена во 1942 година во Северна Каролина, меѓутоа најголемиот дел од нејзиниот живот го поминала на Флорида.

Таму го запознала нејзиниот девет години постар сопруг Амос Ларкинс за кого се омажила на 16 години. Неодамна прославиле 56 години од брак.

Пред нејзиниот 19-ти роденден, Анет родила два сина и тоа со разлика од само 10 месеци.

Во однос на неа, нејзините 50-годишни синови изгледаат како нејзини врсници. Во што е нејзината тајна?

Анет Ларкинс

Во светот е позната како „жена која не старее“, а за неа пишуваа и многу странски списанија и тоа со причина. Од оваа 72-годишна жена навистина има што да се научи.

На нејзината трпеза никогаш нема да најдете ништо што не е со потекло од нејзината градина, каде одгледува разно овошје, зеленчук и лековити билки.

Анет Ларкинс

Прави одлични салати и вкусни јадења, и секојдневно цеди и пие домашни сокови. Нејзиното животно мото е позната изрека на Хипократ: „Храната нека биде твој лек, а лек нека биде твојата храна“.

Долго време била вегетаријанка, преминала во вегани, што значи дека сировата храна е нејзиното најголемо оружје и сојузник за убавина и силен имунитет.

Напишала своја книга со совети и издала ДВД, кои се многу барани меѓу оние на кои им се допаѓа нејзиниот начин на живот.

Анет Ларкинс

„Одсекогаш сум сакала да ги мотивирам поединците да направат промена во својот живот и така да го подобрат неговиот квалитет. Ми се допаѓа да ја стимулирам нивната психа и да им помогнам да ја најдат нивната внатрешна сила“, објаснила таа.

Нејзината мајка и баба умреле многу рано од рак на дојка. Историјата на заболувања од дијабетис во семејството е подолга, но таа има совршено здравје. Од лекови не користи ништо, дури ни аспирин.

Што јаде?

Рецепт за еден од нејзините здрави оброци: зелка салата, исецкана зелена салата, булгур (намирница од органско потекло која се прави од пченица, може да се купи во продавниците за здрава храна), црвена пиперка, брокули, печурки, ленени крекери и ким.

Рецепт

Уште еден нејзин предлог за ручек: див ориз, кромид, малку леб натопен во сок од авокадо, парчиња авокадо, ситно сецкана црвена пиперка.

Рецепт

Вака главно изгледа нејзината трпеза, на која секоја чинија е исполнета со здрави залчиња, а главните состојќи се зеленчукот од нејзината градина: брокули, зелка, грашак, морков…

Храна

Во својата градина, Анет го чува и познатото „дрво на животот“ Нони. Живеалиштето на ова дрво е во Тахити, островите на Полинезија, Тајланд и Индија, а на нивниот јазик Нони значи „Божји дар“.

Нони

Плодот од дрвото Нони се користи за правење на сок, за мелеми, а листовите за чај. Познато е дека мелемот од Нони помага кај кожните проблеми.

Нони