Home ГОТВАЧ Моќта на храната: Девојката која се бори со болеста преку здрави рецепти

Моќта на храната: Девојката која се бори со болеста преку здрави рецепти

5264
G Natural

Ела Вудвард е типичен пример затоа дека здравата и правилна исхрана може да помогне враќање на виталноста на телото, па дури и во справувањето со тешките болести. Во септември 2011-та година на Вудвард и е дијагностициран Postural Tachycardia Syndrome, заболување кое го напаѓа нервниот систем.

Не можела да се движи, спиела по 16 часа, а состојбата и ја влошувале и постојаните главоболки и проблеми со стомакот. За да се справи со симптомите на болеста била принудена да зема 28 пилули на дневна база, но ниту тие не направиле поголема промена.

Откако се обидела со сите конвенционални медицински методи кои не покажале успех, се ориентирала кон алтернативниот начин и започнала со менување на својата исхрана.

 Ella

-Преку ноќ ја променив исхраната, започна со диета базирана на растенија и се откажав од месото, шеќерите, глутенот и се што поседува хемикалии и адитиви, вели Вудвард.

Правилниот начин на исхрана се одразил врз нејзиното тело, па за кратко започнала да се чувствува подобро и полно со енергија.
Денес Ела има сопствен блог за здрава исхрана на кој ги промовира најновите рецепти и се труди да подготви што е можно повкусна храна.

Ella

-Ми беше потребно многу време за да направам слатки рецепти, од кои не би ми било лошо. За да бидете среќни, потребно е да сте умерени. Блогот го направив со цел да се натерам себе си да смислувам нови рецепти, да испробам нови нешта и тоа ми тргна од рака, додава Ела.

Таа објаснува дека луѓето не мора да бидат радикални во својот пристап кон храната како што била таа бидејќи во нејзиниот случај сепак се работи за болест. Но, препорачува да внесат дел од здравата исхрана во својот живот бидејќи веднаш ќе забележат позитивна промена.

Сите оние кои сакаат да дознаат нешто повеќе за неа и за нејзините рецепти може да го посетат нејзиниот блог “Deliciously Ella”.

Ела