Home ДЕКОРАЦИЈА Модерните домаќинки се воодушевија од оваа јапонска техника на бојадисување јајца –...

Модерните домаќинки се воодушевија од оваа јапонска техника на бојадисување јајца – ваквите шари се хит

3747
G Natural

Оригиналната јапонска техника шибори, со која инаку се бојадисува ткаенина, е многу едноставна техника која ја користат домаќинките за бојадисување на Велигденски јајца. Не ви требаат четки ниту специјални бои, трикот се крие во користење на конец, хартија и гумички за тегли.

Потребно ви е:

-омилена боја за јајца

-алкохолен оцет

-хартија (филтер) за кафе

-гумички за тегли

-стаклен сад

-ножици

Секое јајце замотајте го во филтер хартијата за кафе, а врвот на хартијата заврзете го со гумичка. Над хартијата замотајте уште една гумичка за тегли како на фотографијата, во зависност од тоа какви шари сакате. Покрупните шари ги добивате ако јајцата ги замотате со гумички, а потенки шари ќе добиете ако ги замотате со конец.

Разматете сина боја за јајца според упатствата на пакувањето, а потоа добиената боја ставете ја во шприц. Со него постепено сипувајте ја бојата по деловите на јајцето а потоа и меѓу конецот и гумиќката. Кога цела хартија ќе биде прекриена со боја, оставете ги јајцата еден час да се исушат.

Отстранете ја гумичката од хартијата, премачкајте ги со масло и ставете ги во украсна корпа.