Home ГОТВАЧ Мераци – Салата со похувано сирење

Мераци – Салата со похувано сирење

6413
G Natural

Состојки:

  • 2-3 домати
  • 1 главица кромид
  • 1 марула или 2 китки рукола
  • 10-ина маслинки
  • 200 гр сирење (фета, моцарела…)
  • 1 јајце
  • 3-4 лажици лебни трошки
  • сол
  • масло

Подготовка:

Сирењето се сече на коцки, се валка во изматено јајце и во лебните трошки и кратко се пржи на загреано масло  – додека коцките не добијат убава златно-жолта боја.
Зеленчукот се мие и се сечка и се става во сад за салата. Се зачинува со масло Кристал, се посолува и внимателно се меша. Врз готовата салата се редат коцките похувано сирење и маслинките. Слатата може да се јаде во ладно-топла комбинација или кога е сосема изладена

Салата