Home ГОТВАЧ бабини рецепти Мелем за душа – медени топчиња

Мелем за душа – медени топчиња

5911
G Natural

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • Малку сол
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажици квасец
  • 500 мл млеко
  • Масло за пржење
  • Мед за прелив

Подготовки:
Во поголем сад сипајте го брашното. Додадете ги состојките и изматете со миксер за да добиете глатка маса.
Прекријте го садот и оставете тестото да нарасне.
Со мокра рака од тестото направете топчиња. Со лажица земајте ги топчињата од тесто и ставете ги во врело масло.
Пржете ги на умерена температура и вртете ги почесто за да добијат фина боја од сите страни.
Пржените топчиња вадете ги на страна и ставете ги на хартија за да се исцедат од маслото.
Префрлете ги во длабок сад и прелијте ги со мед.
Добар апетит!

медени топчиња