Home ГОТВАЧ Маринирани модри патлиџани

Маринирани модри патлиџани

15535
G Natural

Состојки:

  • 12 модри патлиџани, средни
  • 2 л вода
  • 1 л алкохолен оцет
  • 80 гр шеќер
  • 80 гр сол + за посолување на патлиџаните
  • 2 главици лук
  • 1 китка магдонос
  • масло

Подготовка:

Модрите патлиџани се мијат, им се сече дршката и се сечат на тркалца од 7-8 мм.
Добро се посолуваат и се оставаат во поголема цедилка 3-4 часа, да им излезе горчината. Лукот и магдоносот ситно се сечкаат и се мешаат во еден сад.
Во поголемо тенџере се ставаат водата, оцетот, сол и шеќер и се става на оган да зоврие.
Модрите патлиџани се ставаат под млаз ладна вода, да им се измие горчината.
Кога водата ќе зоврие, се става еден дел од модрите патлиџани да се бланшираат. Не треба да вријат повеќе од 3 минути за да не омекнат многу. Со лажица решетка се вадат патлиџаните и се става нова тура за бланширање. Кога готовите патлиџани малку ќе се изладат, се редат во тегла – 3-4 парчиња патлиџан, па врз нив се става од смесата од лук и магдонос и се полеваат со малку масло .

Постапката се повторува додека не се наполни теглата. При полнење на теглата, повремено со лажица се притискаат патлиџаните, за да не остане воздух помеѓу нив. Теглата се полни до 1 цм до врвот и на крај се дополнува со масло (модрите патлиџани ќе го впијат маслото). Наполнетите тегли добро се затвораат, се превртуваат наопаку 1 час и се ставаат на темно и суво место. Маринираните модри патлиџани можат да се јадат по 2-3 недели.
Може да се случи лукот да добие неприродна сина боја, најверојатно има повеќе сулфур во него, не е страшно, може да се јаде.
Од оваа мера излегуваат 4 тегли.

Зимница

Хиткујна.мк/што да готвам утре