Home ГОТВАЧ Манастирски десерт – Посни жарбо коцки

Манастирски десерт – Посни жарбо коцки

4766
G Natural

Состојки:

  • 350 гр. брашно
  • 2 супени лажици шеќер
  • сок од 1,5-2 лимона + рендана кора
  • 1 супена лажица јаболков оцет
  • 200 гр. маргарин
  • 1 мала коцка квасец
  • малку сол
  • 1 прашок за пециво + 1 ванилин шеќер

За фил:

  • 200 гр. мелени ореви
  • 200 гр. шеќер
  • 3-4 супени лажици загреан мармалад од кајсија
  • 150 гр. посно чоколадо за глазура одозгора

Подготовка:

Од горенаведените состојки се замесува  тесто, се завиткува во проѕирна фолија и се става во фрижидер да отстои половина час. Потоа се дели на три дела, се сукаат три тенки кори, една по една. Кога ќе се расука првата кора, се става во подмачкан плех, се премачкува со 1-2 лажици загреан мармалад (целосно да биде премачкано), се посипува со половина смеса мелени ореви и шеќер. Врз тоа се става втората кора и постапката се повторува. Врз третата кора не се става ништо, туку таа се прободува на неколку места со вилушка. Се става во згреана рерна и се пече околу 30 минути на околу 200 °С.

Додека е уште топло се прелива со глазура, се остава да се излади и се сече на ромбови.

На здравје!

Жарбо коцки