Home ГОТВАЧ бабини рецепти Македонска брза посна манџа

Македонска брза посна манџа

15441
G Natural

Состојки:

  • 1 кеса замрзнат мешан зеленчук-вариво
  • 1 морков
  • 1 компир средна големина
  • 5-6 беби домати
  • 1 лажичка црвен пипер
  • 1 лажичка мешан зачин (вегета)
  • 1 мал филџан ориз
  • малку зејтин

Подготовка:

На тивок оган се пропржува еден рендан морков и се додава ситно исецкан компир па се додава мешаниот зеленчук. Се пропржува се заедно неколку минути и се додаваат 5-6 филџани вода. Потоа се додаваат беби доматите и оризот. Се вари додека да се свари оризот и потоа се додава вегетата. На крај се запржува само со малку црвен пипер.
Се служи со зелена салата или кисела зелена туршија.

На здравје!

Посна македонска манџа