Home СОВЕТИ Лимон диета: Исчистете го организмот за еден ден

Лимон диета: Исчистете го организмот за еден ден

2850
G Natural

Детоксикацијата или чистењето на организмот е многу важен процес кој треба да го правите од време на време.

Еве како тоа да го направите за само еден ден со помош на лимон.

Кога ќе станете пред конзумирање на било што друго, испијте чаша лимонада.

Појадок

Половина час по станувањето направете овошна салата која ќе биде вашиот појадок.

Таа нека се состои од јагоди, боровинки, малини, капини или од јаболка, круша, немастен јогурт и една рака бадеми.

Утринска ужинка

Чаша лимонада, една банана и една рака сончоглед или семки од тиква.

Ручек

Салата од грав или леќа со прелив од лимон, маслиново масло и оцет.

Попладневна ужина

Чаша лимонада, салата од краставици, ротквици и целер или изедете една рака сушено овошје.

Еден час пред спиење

Напијте се само чаша топла лимонада.

Напомена: Лимон диетата треба да се практикува само еднаш месечно.