Home ГОТВАЧ гезме Лесно а вкусно: Запечени компири со кашкавал

Лесно а вкусно: Запечени компири со кашкавал

9055
G Natural

Состојки:

  • 3 средни компири
  • 3 јајца
  • 200 мл кисела павлака
  • 100 гр крем сирење
  • 100 гр рендан кашкавал
  • мелен сув зачин
  • сол, бибер

Подготовка:

– Компирите излупете ги и исецкајте ги на коцкички. Ставете ги да се варат во солена вода. Кога ќе бидат варени исцедете ги од вишокот течност.

– Изматете ги со електричен миксер трите белки и додадете ја павлаката, крем сирењето, ренданиот кашкавал и на крај жолчките. Измешајте за се соединат сите состојки и додадете ги сварените компири и зачините по вкус.

– Горната смеса сипете ја во подмачкана со масло огноотпорна тава и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 целзиусови степени додека не добие убава златно-кафена боја.

Запечени компири со кашкавал

МИА