Home ГОТВАЧ гезме Лесен и вкусен појадок – Кајгана со спанаќ

Лесен и вкусен појадок – Кајгана со спанаќ

4970
G Natural

Состојки:

  • 10 мл масло
  • кромид, сецкан
  • 200 гр ситно сецкан спанаќ
  • 3  матени јајца
  • 200 гр кравји кашкавал
  • Сол

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Загрејте масло во тава, додадете го кромидот и пржете се додека тој не омекне. Додадете го спанаќот и продолжете со пржењето се додека и тој не омекне.

Во голем сад измешајте ги јајцата, кашкавалот, солта и мелениот црн пипер. Потоа додадете ја мешавината од спанаќ и кромид и мешајте се заедно.

Сета оваа смеса, ставете ја во тавата во која претходно ставивте масло и оставете да се пече околу 30 минути. Пред да сервирате, оставете подготвеното јадење да се олади околу 10 минути.

Добар апетит!

Омлет со спанаќ