Home ГОТВАЧ Лапни-голтни – ова е рецепт за најлесниот чоколаден колач

Лапни-голтни – ова е рецепт за најлесниот чоколаден колач

5313
G Natural

Состојки:

  • 250 бисквити
  • 85 г несолен путер
  • 400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
  • 180 мл хопла

Подготовка:

Со мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените бисквити и измешајте за да се соедини.

Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.

Добар апетит!

Чоко колач