Home ГОТВАЧ Куглоф

Куглоф

4398
G Natural

 

Потребни состојки:

  • 500г Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 150мл масло за јадење
  • 4 јајца
  • 300г шеќер
  • 150мл млеко
  • 25г какао
  • 1 ќесичка ванилин шеќер
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • Рендана кора од лимон

Подготовка:

Со миксер на поголема брзина се матат шеќерот, ванилиниот шеќер и јајцата додека не се добие пенеста маса. Потоа при постојано матење се додаваат млекото, маслото за јадење и кората од лимон. На крај постапно се додаваат брашното и прашокот за печиво, матејќи со бавна брзина. Од добиената смеса се  двои една третина во која се додава какаото. Смесата се поминува на неколку места со виљушка за да се постигне шареност на колачот. Се пече 1 час  на температура од 180°С.  Се украсува по желба.

Добар апетит!

PACKSHOT