Home ГОТВАЧ Колач по кој сите полудеа: Непечен Орео чискејк (рецепт)

Колач по кој сите полудеа: Непечен Орео чискејк (рецепт)

12289
G Natural

Кремаста, богата текстура и вкусна – следува рецепт за непечена Орео торта.

Орео кексите ги сакаат сите, а оваа торта е едноставна за правење, па можете да ја послужите на роденденските прослави или како десерт кога и да посакате.

Состојки:

  • 10-12 Орео бисквити,
  • 2 лажици растопен путер,
  • 100 грама кремасто сирење (собна температура),
  • 3 лажици шеќер,
  • 1/4 лажица екстракт од ванила,
  • 250 мл хопла.

Подготовка:
1. Додајте 8 Орео бисквити во сад и иситнете ги. Додајте 2 лажици растопен путер и промешајте.
2. Таа смеса ставете ја во калап претходно обложен со хартија за печење и стиснете ја со помош на лажица.
3. Во друг сад додајте ја хоплата и изматете ја со миксер (3-5 минути) па оставете ја во фрижидер да се олади.
4. Сирењето, шеќерот и екстрактот во ванила ставете ги во друг сад и се измешајте. Во таа смеса додадете ја хоплата која претходно ја измативте и оладивте. Издробете две Орео бисквити и додајте ги во смесата.
5. Смесата ставете ја во калап и израмнете ја. Декорирајте со парчиња Орео кекси.
6. Оставете ја во фрижидер 5-6 часа да се олади и здрви или во замрзнувач 1-1,5 часа.