Home СОВЕТИ Ќе се шокирате! Ова се најголемите измами во прехрамбената индустрија

Ќе се шокирате! Ова се најголемите измами во прехрамбената индустрија

2402
G Natural

Маслиновото масло, рибата, органската храна, млекото, житариците, медот, месото, кафето, зачините и дел од овошните сокови… тоа се само дел од намерниците преку кои купувачите најчесто се измамуваат.

На пазарот во земјите од Европа купувачите се почесто се измамуваат поради економската криза, поради која се штеди на контролите, додека произведувачите и продавачите се под постојан притисок да нудат поевтина храна, особено во земјите со драстично намалена куповна моќ.

Само еден дел од откриените скандали бил оној дека од дел од свињите се прави производ кој се продава како лигњи… Така, еден дел од свињата, односно нејзиното дебело црево, се сече на мали парчиња, се пржи и се полева со сок од лимон и измамата е готова! Секако, тоа не е единствената! Сите овие скандалозни откритија во прехранбената индустрија за магазинот “Der Spiegel” ги потврдила членката на Европскиот парламент, Естер де Ланџ.

Естер предупредила на кризата во прехранбената индустрија поради фактот дека случаите со измама со храната во Европската унија се се почести и дека мора нешто да се преземе во најбрз можен рок.

Маркет

Во својот извештај парламентарката навела кои намерници најчесто се дел од измамите подготвени за купувачите: маслиново масло, риба, месо, органска храна, млеко, житарици, мед, месо, кафе, чај, зачини и некои овошни сокови, а она што е најстрашно е тоа што станува збор за производи кои секојдневно се користат.

Така, рибата која што се продава како посебно одгледувана всушност е уловена од морските и океанските води, органската храна може да биде добиена од конвенционално одгледување, медот е производ од шеќерен сируп а не од макотрпната работа на пчелите… Во овошните сокови нема овошје, кафето се меша со евтини состојки, јајцата од кокошки кои трчале по ливадите всушност се јајца од масовните кокошарници… Индустриската сол наменета за уништување на мразот од улиците се продава како сол за јадење, а во производите од говедско месо се става месо од коњи… Сето ова се само дел од измамите во прехранбената индустрија на кои предупредила Естер.

Во текот на пролета во германската фабрика за производство на колбасици “Könecke” била спроведена контрола поради сомнежот дека поевтиното месо, она што се одвојува од коските, лажно било декларирано како месо од висока класа.

Нож

Во времето кога скандалот дека коњското место се проширило низ европските продавници, инспекторите на Исланд дознале дека на ниту еден од 16 тестирани производи, декларациите не одговарале на вистинската содржина, а пак трагајќи по ДНК од коњ при анализите, во една паштета од месо не ни биле пронајдени траги од месо!

Во Неапол инспекцијата запленила повеќе од три тони т.н. евтин леб затоа што во него било пронајдено дрво, нокти и остатоци од бои. Меленото дрво било присутно затоа што во агро-мафијата истото е поевтино од брашното. Овој леб завршил во зоолошките градини и прифатилиштата за кучиња. Магазинот “Il Sole 24 ore” напишал дека агро-мафијата во Италија минатата година контролирала 12% од земјоделството и производството на храна во износи од 14 милијарди евра.

Леб

Ова е најстрашното

Секако, секогаш има и пострашни случаи од оние најстрашните, па така, далеку од Европа, во Кина неодамна биле запленети 20.000 тони месо и биле уапсени 900 производители поради лажно декларираните производи и продажбата на отровни месни преработки. Така, како говедско и овчо месо, таму се продавало месо од глувци и лисици.

Како причина за најчестите измами Естер во својот извештај ја посочила големата криза, поради која се штети на контролите, додека произведувачите и продавачите се под постојан притисок да нудат поевтина храна, особено во земјите со драстично намалена куповна моќ.

Измамите откриени досега, освен оние во Неапол, не биле опасни по здравјето, меѓутоа ја уништиле довербата кај голем број на купувачи. Во соработка со Интерпол, Европската полициска канцеларија Еуропол во борбата против измамите со храна и организираниот криминал, запленила повеќе од 135 тони храна, од каде, коски за супа и маслиново масло, до тартуфи и кавијари.

Заедничката операција “Opson II” опфатила 29 земји ширум светот и резултирала со откривање на големи количини на соја и сок од портокали, како и значителни количини на риба, морски плодови, месо и зачини, сите непогодни за консумација од страна на луѓето.

Супермаркет

Најчести измами:

Задолжена за безбедноста на храната, Естер де Ланџ предупредила на неколку најчести начини за измама на купувачите:

Скапите состојки се заменуваат со поевтини, без промена на декларацијата

Во описот на состојките на месните преработки, погрешно се наведени видовите на месо

Погрешно се наведува тежината на производот

Традиционално одгледуваните намерници се продаваат како “органски”

Со промената на датумите, во продажба се враќа храната со веќе поминат рок на траење

Лаги

Извор:Точка.мк